Расправата во Собранието без разрешница

Жестоката расправа во Собранието за избор на членови на Советот за Радиодифузија ќе продолжи утре. Денешната седница не вроди со плод. Опозицијата смета дека новите членови кои ги предложуваат владини институции се само алат за пресметка со непослушните медиуми.Владечкото мнозинство кое го предложија проширувањето на советот сметаат дека со тоа ќе се овозможи транспарентна , квалитетна и поефиксна работа на регулаторното тело. Опозициските пратеници го спорат и изборот на членови за кои сметаат дека имаат судир на интереси. Станува збор за Зоран Трајчевски и Селвер Ајдини кои ги предложи претседателот Ѓорѓе Иванов, како предлог на ЗЕЛС сe Лазо Петрушевски и Замир Мехмети, предлог на Комисијата за спречување на корупцијата е Методија Јанчески, а Методи Стоименоски е предложен од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.