Либиските бунтовници влегоа во резиденцијата на Гадафи

Битките на Баб ал Азизија

Либиските бунтовници го заземаа упориштето на лидерот Моамер Гадафи во Триполи, јавуваат новинските агенции. Станува збор за Баб ал Азизија место во кое се верува дека се крие Гадафи. Агенциите јавуваат дека се уште се водат битки и дека се слушаат силни истрели и детонации.

Во денешните напади кои почнаа утрово беше отворен влез во еден од ѕидовите со кои е заштитена областа на Гадафи и неговите приврзаници.

Претходно европскиот министер за надворешни работи Кетрин Ештон на прес конференција во Брисел изјави дека бунтовниците под своја контрола имаат 80 проценти од Триполи. Таа изјави дека разговарала со престваникот на Националниот совет Мустафа Абдел Џалилом кој во телефонскиот разговор и рекол дека бунтовниците кренале во нов напад на резиденцијата на Гадафи и дека ќе им биде потребно време додека ја освојат.