Сириската опозиција се обедини против режимот

Сириската опозиција на состанок во Истамбул

Претставници на сириската опозиција соопштија денеска дека формирале Национален совет чија цел ќе биде борба против режимот во Дамаск. Опозицијата по четридневниот состанок што го одржа во Истамбул , одлучи да се обедини во борбата против сирискиот претседател Башар Ал Асад.Националниот совет ќе се состане за две недели, за да одлучи кои од нив ќе бидат дел од раководството и усвојат статут. Во Сирија веќе пет месеци траат протести против режимот , во кои според активитите за човекови права загинале над 2 илјади луѓе а над 10 демонстранти се уапсени.Асад неодамна излезе во јавноста со став дека нема да се откаже од власта твдејќи дека вооруени банди се виновни за немирите. Тој најави реформи и ги предупреди западните земји да не се мешаат.