Узбекистан позајми пари за да направи патишта

Плоштадот во Ташкент,Узбекистан

Азиската банка за развој соопшти дека ќе му даде заем на Узбекистан во вредност од 500 милиони долари. Парите се наменети за изградба на патишта од неколку стотици километри, кои ќе ги поврзат Европа и Азија. Во соопштението на банката е наведено дека бордот на директори денеска ја одобрил првата рата од кредитот во вредост од 130 милиони долари. Узбекистан ќе учествува со 100 милиони долари во овој проект кој треба да биде готов до 2017- та година.