Киднапирани германски планинари во Авганистан

Германските и авганистанските власти денеска соопштија дека двајца германски планинари се водат како изчезнати во Авганистан, и се стравува дека се киднапирани. Двајцата мажи изчезнале пред два дена , додека планинареле на Саланг Пас, во близина на главниот град Кабул. Талибанците не се активни во таа област. Локалните власти препоставуваат дека Германците се киднапирани од етнички Паштун номади.