ОН ќе спроведе истрага во Сирија

Говорот на сирискиот амбасадор на состанокот во Женева

Советот за човекови права при Обединатите Нации денеска почна истрага за обвинувањата за насилство направено при задушување на антивладините протести во Сирија. На денешниот состанок во Женева, 33 земји членки од Советот гласаа за итно испраќање на независна комисија да го истражи кршењето на човековите права заштитени во последниве неколку недели во Сирија. Девет од 47-те земји членки во Советот беа воздржани на гласањето за резолуцијта која ја презентираа САД , ЕУ и Арабските земји. Кина и Русија беа против овие мерки, сметајќи дека се еднострани и исполитизирани. Сирискиот амбасадор ги нарече овие мерки неизбалансирани.