Во Карачи - Пакистан денеска се сопрени активностите по повикот на најмоќната политичка партија во знак на протест поради етничките насилства во кој животот го загубија десетици луѓе во изминативе денови. Фирмите, училиштата се затворени во 18 милионскиот Карачи поради насилствата меѓу мнозинството урду население и паштунските мигранти. Повикот за штрајк дојде од Мутахида Куами двиожењето на мнозинското урду население.