Протести во Кабул против ОН

Кабул - 23 Август

Околу 700 авганистанци денеска во Кабул протестираа против одлуката на Независната Државна Комисија со која се остранети 9 законодавци од Парламентот поради злоупотреби при гласањето. Мисијата на ОН во Авганистан УНАМА од своја страна ја поздрави одлуката на Комисијата, поради што е обвинета од демонстрантите дека се меша во внатрешните работи. Во Јуни, Комисијата реши да острани 62 законодавци, четвртина од Парламентот поради злопотреби на септемвриските избори. Како и да е финалната одлука е сепак помала од таа бројка.