Бронза за Македонија, злато за Србија

Македонската универзитетска ватерполо репрезентација го освои третото место и бронзениот медал на Универзијадата во Шенжен, Кина откако рано утрово по македонско време, во малото финале ја совлада селекцијата на САД со 10:7 (4:1; 3:2;1:1; 2:3).
Нашите ватерполисти со тоа го постигнаа најголемиот успех во екипните спортови на големите натпреварувања.
Македонија дуелот го реши во првиот дел кога на полувремето имаше предност од 7:2, па во продолжението само рутински го заврши натпреварот.
Во финалето Србија ја победи Русија со 11:8. Ова беа воедно и последните натпревари на Универзијадата во Шенжен, која завршува денеска.