Џо Бајден денеска во посета на Јапонија

Бајден при посетата на Монголија

Американскиот Потпретседател Џо Бајден денеска во Јапонија ќе ја изрази подршката на напорите за излез од кризата предизвикана од катастрофалното Цунами.
Бајден треба да ја посети и погодената област на северо-западниот брег и да одржи говор во Сендаи.
Јапонскиот Премиер Наото Кан претходно се заблагодари на американската помош по катасрофата.
Во рамките на неговата азиска турнеа, Бајден претходно беше во Кина и Монголија.