ОН-Сирискиот режим да го запре насилството на протестите

Повреден демонстрант на анти-владините протести во Сирија

Советот на ОН за човекови права побара од сирискиот режим да запре со употребата на насилство против анти-владините демонстранти. Шефот за човекови права, Нави Пилај изјави дека досега биле убиени 2200 луѓе. Советот во наредните денови треба да одлучи дали ќе усвои нацрт резолуција со која се осудуваат нападите врз цивилите и со која ќе се бара да се стави крај на насилството.