Временска прогноза-сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 36 степени, а УВ-индексот и утре ќе има вреденост 7.
Во наредните денови под влијание на топла и сува воздушна маса од северните делови на Африка ќе преовладува сончево и многу топло време. Кон средината на неделата температуртата на повеќе места ќе се движи од 35 до 40 степени.
Постепено опаѓање на температурата ќе има кон крајот на неделава.