Иванов го посети опожарениот Пелистер

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги посети опожарените места во потпелистерието и националниот парк „Пелистер“ кои викендов беа загрозени од огнена стихија. Иванов изјави дека внимание ги следел настаните во околината на Битола и реакциите на надлежните институции. Тој додаде дека на средбите со претседателите на зеjмите од регионот разговарале и за климатските промени и зачестените елементарни непогоди и за регионалната соработка на тој план и најави дека наскоро ќе иницира регионална конференција за соработка во оваа сфера .Инаку , во текот на денов во околината на Битола биле регистрирани два нови и помали по обем шумски пожари.