Ограбена куќата на Бошковски, партијата ја обвини власта

Ограбена е семејната куќа на лидерот на опозициската партија Обединети за Македонија, Љубе Бошковски. Според првичните информациии на Министертвото за внатрешни работи непознати сторители насилно влегле во куќата направиле голем неред и го украле возило, за кое нашле клучеви во куќата. Македонските медиуми јавуваат дека полицијата не можела да изврши увид на самото место затоа што се отсутни сопствениците. Бошковски веќе трет месец е е во притвор а неговата сопруга и деца се во Хрватска. Од партијата соопштија дека се сомневаат оти грабежот е режиран со цел да се соберат докази , како што велат, за монтираниот случај против нивниот лидер а според нив сторители се полициски службеници.