Убиен руски градоначалник

Руски градоначалник денеска е убиен во вооружена престрелка. Станува збор за градоначалникот на туристичкиот град Сергијев Посад, кој се наоѓа на 70 километри североисточно од Москва. Градоначаникот Евгениј Душко бил погоден со куршум во градите и во главата и денеска попладне им подлегна на повредите. На функцијата бил само неколку месеци и неодамна изјави дека приоритет на локалната власт ќе биде да ги стави под контрола криминалните банди во регионот. Градот е познат по еден од најсветите објекти за руската православна црква кој датира од 12 век и е под заштита на УНЕСКО.