Истрагата во Косово за трговија со органи ќе стартува наскоро

Дик Марти

Потпаролот на Еулекс Каи Милер- Бернер денеска во Косово изјави дека тимот кој треба да ја спроведе истрагата за трговија со човечки органи е речиси комплетен и дека наскоро ќе почне со работа. Тој додаде дека за истрагата добиле уверување за поддршка од Тирана и Белград. Во извештајот на специјалниот известувач за Советот на Европа, Дик Марти е наведено дека во криминалните активности биле вклучени дел од раководството на Ослободителната војска на Косово меѓу кои блиски соработници на сегашниот премиер Хашим Тачи.