Итен состанок во Обединетите Нации за Сирија

Советот за заштита на човековите права при Обединетите Нации ќе одржи итен состанок за случувањата во Сирија. Средбата ја побараа десетина членови на советот меѓу кои Кувајт, Саудиска Арабија и Катар. Тие бараат да се разговара за нацрт-резолуција која повикува на целосна истрага за злоупотреба на човекови права во земјата. Активисти за човекови права тврдат дека при задушувањето на протетсите во Сирија се убиени над 2 илјади луѓе. Повикот за состанок следува откако хуманитрана мисија на Обединетите нации пристигна во Дамаск и откако лидерот Башар ал Асад ги предупреди западните земји да не се мешаат.