Во Либија бунтовниците контролираат поголеми делови од Триполи

Во Либија бунтовниците со подршка на силите на Нато почнаа напади врз престолнината Триполи каде престојува либискиот лидер Муамер Гадафаи. Гадафи синоќа ги повика своите подржувачи да се спротивстават на бунтовниците во Триполи кои во меѓувреме ја презедоа контролата врз поголемиот дел од главниот град. Во аудио пораката што синоќа беше емитувана на државната телевизија Гадафи рече дека жителите на Триполи мора да излезат и да се справат со бунтовниците и кажа дека во Триплоли нема место за агентите на колонијализмот.Агенциите јавија дека претставник на бунтовниците изјавил дека е заробен синот на Гадафи Саиф Ал Ислам