Папата Бенедик побара активно учество на младите во црковната заедница

Папата Бенедик 16 ти денеска ги повика младите луѓе да станаат мисионери за верата. Тој денеска во својот говор пред 1, 5 милиони млади луѓе во Мадрид изјави дека тие треба активно да се вклучат во работата на нивните парохии. Ова е трето одбележување на црковниот фестивал за Ден на Младите, на кое се собираат млади католици од целиот свет. Овој ден се празнува секоја трета година, но наредниот пат ќе се направи исклучок и ќе се одржи во 2013-та година во Рио, за да не се поклопи со светкото фудбалско првенство. Целта на празнувањето на овој ден е обид за зајакнување и ширење на верата кај младите.