Бајден: САД никогаш нема да банкротираат

САД никогаш не биле ниту ќе бидат банкрот. Ова го изјави американскиот заменик претседател Џо Бајден говорејќи пред студентите на универизитетот Сечуам во Кина. Тој во својот говор додаде дека кинеските инвестивиции во САД се безбедни и Вашингтон е способен да го сервисира својот долг. Бајден истакна дека и на Кина и на САД им е потребна глобална стабилизација , која вклучива превенција од нуклеарно вооружување на Иран и Северна Кореја. Бајден беше во петдневна посета на Кина.