Бомбашки напади во Јемен

Јеменските власти соопштија дека денеска при два оддвоени бомбашки напади загинале најмалку 11 во јужниот дел на Јемен. Нападите се случиле во покраината Абијан, место за кое се врува дека оперираат милитанти поврзани со Ал Каеда. Безбедноста во земјата е нарушена откако почнаа протестите против претседателот Али Абдулах Салех. Демонстрациите во Јемен се инспирирани од движењата во Египет и Тунис.