Американски планинари осудени за шпионажа во Иран

Иранскиот јавен обвинител денеска ја потврди веста за затворска казна за двајцата американски државјани кои пред две години беа притворени поради незаконско влегување во Иран. Станува збор за Шејн Бауер и Џош Фатал кои вчера беа прогласени за виновни за шпионирање и нелегален влез во Иран и добија по 8 години затворска казна. Сара Шурд, Бауер и Фатал беа уапсени на иранска територија во делот на необележаната граница меѓу Ирак и Иран на 31 јули 2009 година. Тие тврдеа дека планинареле во северната ирачка провинција Курдистан и дека незнаејќи ја минале границата кон Исламската Република. Обвинетите имаат рок од 20 дена да поднесат жалба, додека Шурд која беше ослободена минатата година со кауција од 500 илјади долари , допрва треба да ја добие пресудата.