Пожарот на Пелистер утрово изгаснат

Пожарот во Националниот парк Пелистер утрово е изгаснат јавува новинската агенција МИА. Со пожарот кој вчера избувна кај битолското село Ротино и се прошири кон Пелистер беа зафатени 500 хектари од кои 200 со моликова шума. Повеќе информации денеска ќе соопштат на прес-конференции, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и битолскиот градоначалник Владимир Талески.