Авионска несреќа во Канада, 12 луѓе загинаа

Најмалку 12 луѓе загинаа а тројца се повредени при авионска несреќа на северниот дел од Канада, соопшти полицијата. Авионот „ Boing 737“ од авиокомпанијата „ First Air“ со вкупно 15 луѓе, од кои четворица членови на екипаж полетал од Јелоунајф, престолнина на Северната територија, а се урнал над аеродромот во Резолут беј, една од најсеверните канадски општини е наведено во соопштението.