Планови за Сирија без Башар ал Асад

Сириската опозиција на претходниот состанок во Дамаск

Сириските опозициски лидери се состанаа во Истамбул каде што заговараа транзиција на власта, доколку востанието успее да го собори од власт претседателот Башар Ал Асад. Делегатите се сретнаа вчера за да именуваат членови на Советот кој ќе има задача да контактира и да зборува со дисидентите во егзил и активистите на теренот.
Меѓународниот притисок врз Асад неделава се зголеми, откако САД и ЕУ
воведоа нови санкции против режимот и повикаа да се повлече лидерот од власт.