Пожарот го зафати националниот парк Пелистер

Пожар во шума

Големиот пожар кој утрово избувна од селото Ротино го зафати и Пелистер, јавуваат локалните медиуми. Пожарникарите се надеваат дека ќе го сопрат огнот да не ја проголта старата моликова шума. На терен се излезени бројни екипи на противпожарните единици, како и на државни институции и население. Гаснат и два авиона. Битолскиот градоначалникот Владимир Талевски изјавил дека е очигледно дека овие пожарите се подметнати и дека се работи на откривање на сторителите.