Израел жали за инцидентот со египетските полицајци

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави денеска дека Израел жали за 5 мината египетски полицаји кои беа убиени од изралески војници долж границата. Тој додаде дека наредил да се спроведе истрага и дека околностите во кои се случил инцидентот ќе бидат разгледани заедно со египетската армија.
Израел соопшти дека милитанти влегле во Израел од Египет и дека тие се одговорни за убиство на 8 Израелци.
Египетската влада претходно денеска соопшти дека ќе го повлече својот амбасадор од Израел во знак на протест, тврдејќи дека Израел е политички одговорна за случувањата кои ознчуваат прекршување на мировниот договор меѓу двете земји од 1979 година .