Отворен првиот Аква Парк во Македонија

Денеска е отворен првиот Аква парк во Македонија со површина од 18 илјади метри квадратни. Аква паркот е лоциран кај стариот базен во Пробиштип , во подножјето на Осоговските планини. Инвеститорот Владо Стојановски на отварањето изјави дека очекува посетители од Балканот со оглед на тоа што веќе започнал преговори со туристички агенции од Ќустендил и Косово. Стојаносвки додава дека инвестирал 2 милиона евра за изградба на Аква паркот.