Судири меѓу туниски безбедносни сили и Либијци

Туниски безбедносни сили синоќа се судриле со група вооружени Либијци кои влегле во Тунис, јавува новинската агенција Ројтерс. Според извори од туниските безбедносни служби, Либијците биле пресретнати во пустина во петокот вечерта по што отвориле оган. При престрелката која продолжила и денеска, има неколку жртви. Се уште е непознато дали Либијците кои влегле во Тунис се бунтовници или подржувачи на лидерот Моамер Гадафи. Утрово се урна и туниски воен хеликоптер во пограничната област при што загинале пилотот и ко-пилотот, но не се знае дали тоа има некаква поврзаност со престрелката. Туниската армија ги интезивираше своите погранични активности во последниве неколку дена откако борбите на либиските бунтовници со силите на режинот на Гадафи се преселија поблиску до границата со Тунис.