Насилството врз сириските демонстранти не престанува

Сириските безбедносни сили денеска убиле најмалку 20 демонстранти во градот Хомс тврдат опозициски активисти. Жителите велат дека воени хелокоптери прелетувале над градот во раните утрински часови. Новите извештаи за акциите против демонстрантите доаѓаат и покрај ветувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад дека воените и полициските операции против демонстрантите ќе бидат прекинати. САД и ЕУ повикаа Асад да се повлече од власта, а воедно воведоа и нов пакет санкции кон режимот. Над 2 илјади луѓе загинаа во последниве 5 месеци, откако започнаа анти-владините протести.