Пеколни горештини во Македонија

Нов топлотен бран викендов ќе ја зафати цела Македонија најави Управата за хидрометеоролошки работи.Температурата ќе достигне до 38 степени a вредноста на УВ индексoт ќе достигне 8, .Во соопштението е наведено дека и понатаму ќе важат основните препораки за заштита на населениото, како што се избегнување директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица. Од министерво за здрвство информираат дека болниците се подготвени за евентуално зголемен број на пациенти поради влијанието на високите температури.