Меркел ќе го посети Белград наредната недела

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека при нејзината посета на Белград наредата недела, таа ќе изврши притисок за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија. Меркел во своето неделно видео обраќање од Берлин изјави дека нема европска переспектива за овој регион доколку сите страни не вложат доволно напори, иако, како што вели, лузните од минатото оставиле длабоки последици.Таа во вторник треба да се сретне со српските владини претставници. Нејзината посета на Белград следува по неодамнешните тензии меѓу Србија и Косово. По Белград, Меркел планира да ја посети и Хрватска.