Македонија ја совлада Црна Гора

Македонската машка кошаркарска репрезентација синоќа ја победи црногорската репрезентaција со 79 спрема 74. Натпреварот се одигра во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје во рамките на турнирот „Трофеј Македонија’’, кој за двете селекции е составен дел од подготовките за претстојното Европско првенство во Литванија.
Од македонската репрезенација најмногу поени постигна Лестер Бо Меккејлеб- 16, а по него беа Тодор Гечевски и Војдан Стојановски со по 15 и Владо Илиевски кој постигна 11 поени.
На престојното Европско првенство во Литванија кое ќе стартува на 31 август, првиот противник на Македонија ќе биде Црна Гора.
Вечерва на вториот ден од „Трофејот на Македонија’’ ќе играат Црна Гора и Нов Зеланд a утре ќе играат Македонија и Нов Зеланд.