Малцинствата во Албанија бараат праведен попис

Претставниците на малцинствата во Албанија, меѓу нив и македонското денеска во Тирана потпишаа Декларација против актуелниот закон за попис, оценувајќи го како дискриминаторски.
Во декларацијата тие бараат слободно изјаснување на нивната етничка припадност, односно укинување на член 20 од законот со кој „секој кој лажно ќе ја прикаже етничката припадност „ се казнува со илјада долари“.
- Со овој член, освен Македонците во Мала Преспа, Македонците од другите делови на земјата, не ќе можат да се изајснат како Македонци, зашто како такви не се запишани во матичната книга. Идентичен е случајот и со Грците и Власите.
Во декларацијата, исто така, се бара и учество на преставници на малцинствата во пописните комисии и како попишувачи, како и копија од формуларот за секое попишано лице.
Заради целосно исполнување на овие барања, преставниците на малцинствата бараат пописот да биде одложен за шест месеци.
Доколку и со декларацијата не постигнат никаков резултат малцинствата најавија бојкот на пописот.