Ердоган во посета на Сомалија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пристигна денеска во Сомалија каде што милиони луѓе гладуваат. Ердоган, во придружба на 4-ца министри, планира да посети неколку кампови на бегалци кои ги напуштиле своите домови и дошле во главниот град Могадишо во потрага по храна и лекови. Ердоган е првиот лидер кој не е од Африка а е во посета на Могадишо во последниве 20 години.