Бомбашки напад во Кабул, 8-мина загинати

Кабул 19.08.2011

Во самоубиствен бомбашки напад врз канцелариите на Британскиот Совет во Кабул, најмалку 8 лица загинале, а неколкумина биле повредени. Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанците. По експлозијата имало и престрелка меѓу безбедносните служби и еден напаѓач. Овие инциденти се случуваат на Денот на независноста на Авганистан, односно кога Авганистан добил независност од Велика Британија во 1919-та година.