САД - Куба спонзорира тероризам

Водачот на кубанската револуција, Фидел Кастро.

Куба, според САД, останува држава спонзор на тероризмот, покажува годишниот извештај за глобалниот тероризам на американскиот Стејт Департмент. Во извештајот се нотираат врски на Куба со колумбиските буновници како и со други организации кои прибегнуваат кон насилство. Се наведува дека владата на Куба јавно декларира дека се залага против тероризам и финансирањето тероризам, но оти нема докази дека ги прекинала односите со елементи на Револуционерните вооружени сили на Колумбија.