Рикер се сретна со српските власти

Филип Рикер

Заменик помошникот на американскиот државeн секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер, денеска се сретна со српскиот вицепремиер одговорен за европски интеграции, Божидар Ѓелиќ. Рикер кој неодамна е на новата функција е во посета на Балканот.
Ѓелиќ му го претставил на Рикер напредокот на Србија на патот на европските интеграции . За време на посетата во Белград, Рикер се сретна и во министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, и со министерот за одбрана Драган Шутановац.
По средбите Рикер изјави дека продолжувањето на дијалогот со Приштина е „одлична можност за надминување на сите административно-технички проблеми кои предизвикаа криза на Косово“.