Во бомбашки напади во Авганистан, загинале 26 луѓе

Архива

Најмалку 24 цивили загинале во два одвоени бомбашки напади во авганистанската провинција Херат. Во нападите се повредени уште 11 луѓе. Локалните власти велат дека меѓу жртвите има жени и деца. Во одвоен напад , при експлозија на камион бомба во близина на влезот на американски комплекс во југоисточен Авганистан, загинале двајца авганистански чувари .Талибанците ја презедоа одговорност за нападот на американскиот комплекс во југоисточната провинција Пактиа.