Обама и европските лидери повика Асад да си замине од власт

Американскиот претседател Барак Обама

Соединетите американски држави денеска повикаа сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од власт, во пресрет на средбата на Советот за безбедност на ОН, кој ќе дискутира за кризата во Сирија.
Американскиот претседател Барак Обама во писмена изјави го повтори ставот дека Асад треба да се повлече. Претходно на тоа повика американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
И лидерите од земјите членки на ЕУ побараа сирискиот претседател да си замине од функцијата и воведоа уште еден пакет на санкции кон режимот.
Советот за безбедност на ОН треба да се состане денеска за да разговараат за кризата во Сирија, каде што околу 2.000 луѓе се убиени во последните 5 месеци откако започна анти-владините протести
До средбата доаѓа откако Комитетот за човекови права на ОН објави извештај во кој се вели дека е можно во Сирија да се направени злосторства против човештвото. Тимот на ОН се сомнева дека режимот егзекутирал луѓе, дека е вршена тортура врз затвореници и дека се стрелани деца за време на воените операции.