Советот за безбедност при ОН ќе разговара за Сирија

сириски војници

Советот за безбедност на ОН треба да се состане денеска за да разговараат за кризата во Сирија, каде што околу 2.000 луѓе се убиени во последните 5 месеци откако започна анти-владините протести во март.
До средбата доаѓа откако Комитетот за човекови права на ОН објави извештај во кој се вели дека е можно во Сирија да се направени злосторства против човештвото. Тимот на ОН се сомнева дека режимот егзекутирал луѓе, дека е вршена тортура врз затвореници и дека се стрелани деца за време на воените операции. Во извештајот се препорачува извршеителите на злосторствата да одговараат пред Меѓународниот кривичен суд
Претходно од ОН соопштија дека сирискиот претседател Башар ал Асад во телефонски разговор му кажал на генералниот секретар Бан Ки Мун дека ги запрел воените и полициските операции против демонстрантите во земјата