Папата Бенедикт Шестаесетти пристигна во Шпанија

Шпанците протестираат против посетата на Папата

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска пристигна во четиридневна посета на Мадрид , за да присуствува на одбележувањето на Светскиот ден на младите католици.
Шпанските власти очекуваат околу еден милион верници да се соберат на прославата која треба да се одржи во недела во близина на главниот град. Посетата на папата, доаѓа во време кога Шпанија се бори со тешка економска криза. Се проценува дека неговата посета ќе ја чини државата околу 50 милион евра, а тоа наиде на критики од луѓето, кои велат дека посетата на папата е прескапа.