Иванов: Влогот во Армијата е влог во европската и евроатланската иднина

македонската Армија

Свесни сме дека влогот во Армијата е влог во европската и евтоатлантската иднина на Македонија. Соочувајќи се со големи предизвици и спроведувајќи темелни реформи, македонската Армија денеска останува да биде еден од предводниците на реформскиот процес на целото македонско општество, рече претседателто и врховен командант на воените сили Ѓорге Иванов. Претседателот присуствуваше на одбележувањето на Денот на Армијата, во Охрид.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека АРМ покрај во државата е ценет и почесен партнер и лесно препознатлива во светот. Повтори дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО се врвни приоритети на Владата и на Министерството за одбрана.
На дeнешната свеченост беше направено и примопредавањето на функцијата шеф на Генералштабот на Армијата. Генерал Мирослав Стoјановски, му ја предаде функцијата на генерал-мајор Горанчо Котевски