ЕК- формиран фонд за помош на земјите зафатени од Арапска пролет

Протести во Египет

Европската комисија денеска соопшти дека е формиран нов фонд за помош на земјите погодени од протести, за време на Арапската пролет.
Мароко, Египет, Јордан, Алжир ќе имаат на располажање повеќе од 300 милиони евра за развој на нивите земји.
Мароко, каде што граѓаните во јули со големо мнозинство одобрија нов Устав со кој се ограничуваат овластувањата на кралот, ќе добие најголем дел од средствата, односно 139 милиони евра.
Египет, кој се обидува да гради демократија по соборувањето на претседателто Хосни Мубарак ќе добие 100 милиони евра за подобрување на условите за живот на сиромашните, да креира нови работни места и да се зголеми употребата на одржлива енергија.
Јордан ќе добие 71 милион евра за развој на образованието и обновливата енергија.
А, Алжир ќе добие 34,5 милиони евра за развој на културниот и секторот транспорт, за реформи во правниот систем и за животна средина.