Двајца војници и еден полицаец загинале во Дагестан

Двајца припадници на руското министерство за внатрешни работи и еден полицаец се убиени во Дагестан, соопштија руските власти. Локалните полициски власти соопштија дека исто така откриле автомобил бомба на централната улица во градот Касавјурт. Припадницете на министерството за внатрешни работи биле убиени денеска во престрелка со милитантите. А полицаецот бил застрелан вчера во главниот град на Дагестан.