Рикер- САД го подржуваат Косово

Филип Рикер во Косово

САД го поджуваат воспоставувањето на редот и законот на Косово и го подржуваат остварувањето на планот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари, рече на денешната посета на Приштина, заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
На средбата со премиерот Хашим Тачи, Рикер ја искажа подршката до институциите на Косово, за кои вели дека треба да функционираат на целата територија за доброто на нејзините граѓани. Во врска со акцијата на косовската влада на северот на Косово, Рикер изјави дека Косово е суверена држава и има право да ја спроведува својата власт на целата територија.