Џо Бајден пристигна во посета на Кина

Американскиот заменик претседател Џо Бајден

Американскиот заменик претседател Џо Бајден денеска приситигна во Кина За време на својата четиридневна посета,предвидено е Бајден да се сретне со државниот врв во Кина, во време кога Пекинг остро ги критикува Соединетите држави за водењето на фискалната политика. Се очекува економијата да биде една од главните теми за кои ќе разговара со неговите домаќини. Кина која е втора најголема економија во светот, по САД, поседува 1,2 билион долари од долгот на САД. Кина повика САД да бидат поодговорни кога станува збор за финансиските прашања.