Загриженост од САД за назадувачки трендови во Македонија

Филип Рикер

Помошник државниот секретар на Соединетите американски држави Филип Рикер изрази загриженост за слободата на медиумите и владеењето на правото во Македонија по средбата со премиерот Груевски. „Очигледно дека разговарвме за области кои продолжуваат да не загрижуваат како што се: владеењето на правото, еднаква правда за сите, слобода на медиуми. Ова се клучни области за членство во НАТО и за севкупните евроатлантски интеграции, изјави Рикер и дополни: ”Од поодамна зборуваме за нив – станува збор за прашања со кои се соочуваат и други земји од регионот, но ние сме загрижени за некои назадувачки трендови кои ги гледаме во Македонија и затоа ќе продолжиме да разговараме за тие прашања“. Заменик државниот секретар на САД ја даде изјавата по средбата со премиерот Никола Груевски. Во владиното соопштение, пак, се наведува дека на средбата се разговарало за политичките односи помеѓу Македонија и САД кои, како што се наведува, се базирани на взаемна соработка, доверба и пријателство, а се потврдени и со Договорот за стратешко партнерство.