Русија и САД ќе продолжат да соработуваат во Иран и Авганистан

Сергеј Ријабков со амбасадорот на САД во Русија

Руските власти велат дека мерките на САД за укинување на визите за неколку руски официјални преставници вмешани во убиството на адвокатот Сергеј Магнитцки нема да влијае на соработката меѓу двете земји кои ја имаат за Иран и Авганистан. Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека се „шпекулации“ извештаите дека се прекинува соработката меѓу двете земји околу Авганистан, Иран, Блискиот Исток.