Саркози и Меркел разговаа за кризата во еврозоната

Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Париз разговараа за тоа да се реши кризата во еврозоната. Пред средбата беа објавени финансиските извештаи кои покажуваат дека во изминатиот квартал Германија имала економски раст од 0,1 процент. Според новите податоци, растот на Германија речиси е запрен во периодот помеѓу април и јуни.